Гаел Монфис најави пензија на крајот од сезоната

Поранешниот тенисер број 6 во светот, Гаел Монфис, го објави своето пензионирање од професионалниот тенис на крајот од следната сезона.
Последниот турнир на Французинот ќе биде Мастерс турнирот во Париз.
„Првпат зедов рекет во рака на две и пол години, а почнав да играм професионално на 18 години. Сега, еден месец по мојот 39-ти роденден, сакам да објавам дека следната година ќе биде мојата последна како професионален тенисер. Можноста да ја претворам мојата страст во професија е привилегија што ја негував во секој натпревар и во секој момент од мојата 21-годишна кариера. И покрај фактот дека оваа игра ми значи толку многу, јас сум целосно во мир со мојата одлука да се повлечам од тенисот на крајот од сезоната 2026 година“, напиша тенисерот на социјалните мрежи.
Триесет и деветгодишниот Монфис има освоено 13 АТП титули во својата кариера. Неговиот најдобар резултат на Гренд слем турнирите е полуфиналето на Ролан Гарос во 2008 година и на Отвореното првенство на САД во 2016 година.