Газдата на ПСЖ верува дека Мбапе ќе остане и оваа сезона
Напаѓачот на француската репрезентацијата, Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен, изјави претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, а тој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Ливерпул, Барселона или Јувентус.
„Мбапе ќе остане во ПСЖ. Ние нема да го продадеме и тој нема да замине како слободен агент. Мбапе има сè што е потребно, каде може да оди? Кој клуб според амбициите и проектот може да му конкурира на ПСЖ денес? Сè оди како што треба. Се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор за нова соработка“, изјавил Ал-Келаифи.