Газдата на Сити ги призна грешките на трансфер-пазарот

Првиот човек на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Халдун Ал Мубарак, се осврна на лошата сезона во која „граѓаните“ останаа без трофеј како во домашната така и во меѓународната конкуренција.

„Требаше да бидеме поагресивни и да ги направиме потребните промени. Не го направивме тоа и целата сезона пропадна“, изјави Мубарак за официјалната веб-страница на Манчестер Сити.

Англискиот тим во текот на летово го чека настап на Светското клупско првенство.