Газдата на Челзи со чудна трансакција се спаси од суспензија на клубот
Откако сопственоста на Челзи премина во рацете на конзорциум предводен од Тод Боели, „сините“ трошеа како никој друг и одвоија повеќе една милијарда фунти на нови играчи.
И покрај тоа што се потпишуваа долгогодишни договори за сумата да се амортизира на подолг рок, „сините“ бележат големи загуби и ризикуваат да ги прекршат правилата за Финансиски фер плеј, а со тоа и да им бидат одземени бодови.
Последните информации сигурно нема да им се допаднат на ривалите, Челзи продал два хотели за речиси 76 милиони фунти со цел да ги намали загубите.
Сомнително е тоа што компанијата која ги купува хотелите е во сопственост на Тод Боели и неговите соработници, па испаѓа дека тие сами на себе си продаваат.