Гакпо официјално претставен во Ливерпул

Досегашниот фудбалер на ПСВ, Коди Гакпо, пристигна во Ливерпул каде ќе ја продолжи својата кариера, откако претходно двата клуба постигнаа договор околу трансфер на играчот.
23-годишниот холандски репрезентативец во својот нов клуб ќе заигра на почетокот на зимскиот преоден рок, и неговиот договор ќе биде со важност до 2028.година.
„Ливерпул е одличен клуб за мене, и јас сум навистина возбуден што ќе играм тука. Со нетрпение го чекам стартот на тренинзите и настапите за овај славен клуб“, изјави Гакпо.
Коди Гакпо имаше одличен настап на Светското првенство во Катар, каде за Холандија постигна три гола, а минатата сезона во ПСВ постигна девет гола и запиша 12 асистенции.