Гакпо ќе дебитира за Ливерпул против „волците“ во ФА Купот

Коди Гакпо од пред некое време е нов член на англискиот вицешампион Ливерпул за кого сега може и да дебитира веќе овој викенд.

Имено холандскиот репрезентативец е регистриран што значи може да биде во комбинација за пресметката против Вулверхемптон во ФА Купот која е закажана за в сабота на „Енфилд Роуд“.

23-годишниот фудбалер сега е официјално регистриран во Ливерпул и би можел да биде вклучен во тимот за натпреварот од ФА Купот против Вулверхемптон, -порачаа од клубот.

Офанзивецот имаше одлични изданија во ПСВ, потоа одигра на високо ниво и на СП во Катар што беше препорака за Ливерпул да тргне по неговиот потпис иако тој долго време се поврзуваше со преселба во Манчестер Јунајтед.