Галатасарај го сака Павловиќ во своите редови

Фудбалерот на Милан, Страхиња Павловиќ, може да си замине од Италија доколку биде платена трансферна сума од 40 милиони евра.

Според наводите, Галатасарај може да биде негова дестинација бидејќи сопствениците на турскиот тим повторно контактирале со колегите од Милано.

Ќе потсетиме дека екипата од Истанбул се обиде и во претходно лето да дојде до потписот на Павловиќ.