Галатасарај сака да го откупи договор на Виктор Осимен

Виктор Осимен летово привлече големо внимание, изненади и со одлуката кога го напушти Наполи да се пресели во редовите на Галатасарај. Осимен на самиот на истекот на преодниот рок, откако не успеа да постигне договор со Челзи, реши да замине на позајмица во редовите на актуелниот шампион на Турција.

Тој не сакаше да остане во Наполи, а во тимот не го сакаше ниту тренерот Антонио Конте. На местото на Нигериецот, Конте го ангажира Ромелу Лукаку.

Осимен е на позајмица до крајот на сезоната, но челниците на турскиот клуб се надеваат дека ќе можат да го задржат и подолго во Истанбул.

Наводно, Галатасарај биле подготвени да му плати на Наполи близу 50 милиони евра за Осимен.

Ова сценарио е тежко остварливо, бидејќи Наполи бара поголема сума за напаѓачот, а и Осимен сака да игра во Премиер лигата.