Галтие фаворит за тренерското место во Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј бара тренер по заминувањето на Марселињо и така
минатата недела контактираше со поранешниот тренер на ПСЖ,
Кристоф Галтие кој е роден во Марсеј.
„Ова не е новост, Кристоф Галтие го ценат челниците на Марсеј.
Неговото име се појави на крајот од минатата сезона, а клубот од
Марсеј дури го разгледа во јуни. Потоа, Галтие побара од своите
претставници да не се занимаваат со темата бидејќи таа беше
премногу чувствителна. Тој сè уште немаше најдено финансиски
договор со ПСЖ, кој сакаше да се раздели од него. Не така одамна
неговите најблиски го советуваа да одвои време за себе, да
размислува за одмор и да ја расчисти главата. Бидејќи физички и
психолошки, последните неколку месеци беа многу деликатни.
Помеѓу разочарувачките спортски резултати на ПСЖ и, пред сè,
обвинувањата за расизам од поранешниот лидер на Ница, Жулиен
Фурние. Галтиер, исто така, останува под истрага, дури и покрај тоа
што целосно ги негираше овие обвинувања“ пишуваат француските
медиуми.