Галтие ја потврди довербата за Марко Верати

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, потврди дека клубот сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Марко Верати.

„Ми кажаа за желбата на клубот да потпише нов договор со Марко Верати. Да, тоа е вистина, и тоа е дел од нашите планови. Мислам дека Марко е навистина среќен овде во Париз“, изјави Галтие.

Претходно беше објавено дека двете страни разговараат за договор до 2026 година, кој мора да биде потпишан пред продолжувањето на сезоната во францускиот шампионат во декември.

Актуелниот договор на Верати со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Италијанскиот играч за врска се пресели во парискиот клуб во 2012 година. Марко Верати за оваа екипа има одиграно 256 натпревари и постигна пет гола.