Гарначо потпиша со Челзи во трансфер вреден 40 милиони фунти

Челзи постигна договор со Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо вреден 40 милиони фунти. Аргентинскиот крилен напаѓач, изрази силна желба да се приклучи на клубот од Лондон и ќе потпише седумгодишен договор.
Во договорот е вклучена и клаузула од 10% од нареден трансфер во корист на Манчестер Јунајтед, што го прави еден од најзначајните трансфери на млад играч од нивната академија во последните години. Првичната понуда на Челзи од 25 милиони фунти беше одбиена, но двете страни на крај се согласија на финалната сума.
Односите меѓу Гарначо и стручниот штаб на Јунајтед наводно се влошиле во последните месеци, поради што бил изоставен од првиот тим, фактор што значително влијаел врз неговата одлука да го напушти „Олд Трафорд“.
Иако има само 21 година, Гарначо веќе одигра 144 натпревари за „Црвените Ѓаволи“ и постигна 26 голови, вклучувајќи и погодок во финалето на ФА Купот во 2024 година. Неговиот трансфер во Челзи претставува дополнително засилување во нападот, додека клубот продолжува со реконструкција на тимот по неколку години интензивни вложувања.
Во наредните денови ќе следува лекарски преглед, по што трансферот ќе биде официјално потврден. Гарначо реши да му се приклучи на Челзи и покрај интересот од други големи европски клубови.