Гарнет вмешан во НБА скандалот

Членот на „Куќата на славните“ и поранешен НБА играч Кевин Гарнет можно е дека учествувал во приватни покер партии поврзани со истрагата на американското Министерство за правда. Според новинарски истраги Гарнет можеби ќе биде дел од истрагата која ФБИ ја води за незаконско обложување и учество во покер.
Голем број поранешни спортисти учествувале во приватни покер партии, кои биле организирани од страна на поединци кои се обвинети. Еден од можните спортисти кои се вмешани е и Кевин Гарнет за учество во покер партија одржана во 2019 година, навел новинарот Пабло Торе.
Инаку, властите тврдат дека играчи учествувале во овие покер партии и притоа добивале пари од припадниците на организираниот криминал за нивното учество во наместени игри. Истрагата се води во повеќе федерални држави во САД.