Гасе добива отказ на „Велодром“

Францускиот тим Oлимпик Марсеј официјално ќе се раздели со тренерот Жан Луј Гасе, кој сигурно заминува по истекот на актуелната сезона.

Информацијата ја пренесе угледниот „Л’Екип“, кој пишува дека управата не е задоволна од резултатите на тимот и решила да донесе ново тренерско име во текот на летниот преоден рок.

Гасе пристигна во Марсеј на местото на Џенаро Гатузо и успеа да забележи учинок од шест победи, двa реми исхода и пет порази, недоволно за да си осигура статус на долгорочно решение за клупата.