Гасперини: Ако си замине Коне, тоа ќе биде голема загуба за нас

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини даде свој коментар за можниот трансфер на играчот од средниот ред Ману Коне во Интер.
„Ќе видиме што ќе се случи во следните петнаесет дена. Коне е играч од врвно ниво. Неговото заминување би било голема загуба за нас. Треба да видиме што можеме да направиме. Сите знаете дека финансискиот фер-плеј е проблем за нас. Не сме активни на пазарот повеќе од дваесет дена. И не сум задоволен од тоа.
Ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто без да изгубиме играчи. Јасно ставив до знаење што треба да се направи. И клубот беше многу отворен со мене. Се надеваме дека можеме да го постигнеме она што го сакаме“, рече 67-годишниот италијански тренер на прес-конференција.
24-одишниот француски играч од средниот ред Ману Коне игра за Рома од август 2024 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна два гола и направи три асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.
Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 40 милиони евра.