Гасперини ги одби сите понуди и најави останување во Аталанта
Џан Пјеро Гасперини реши да остане на чело на Аталанта.
Тоа значи дека искусниот стратег кој неодамна го донесе пехарот од Лига Европа во Бергамо, ги прекинал преговорите со Наполи. Тој со неговите избраници во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите и тоа е главната причина да остане во клубот.
Се очекува луѓето од Аталанта да му понудат нова соработка со далеку подобри финансиски услови, се вели во дел од текстот.