Гасперини: Лукман е еден од нашите најлоши пеналџии

Аталанта доживеа шокантна елиминација од Клуб Бриж во плеј-офот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Откако Белгијците победија со 2-1 на домашен терен, славеа и на реваншот во Италија со 3-1.

За неутралните навивачи, синоешниот натпревар во Бергамо беше исклучително интересен. Бриж постигнаа три гола во првиот дел, а играчите на Аталната во тој период два пати ја погдија стативата.

Домашните намалија во првиот напад во вториот дел на 1-3. Адемола Лукман го замени Марио Пашалиќ, а потоа, практично со првиот допир на топката по 35 секунди игра, ја намали негативата на Аталанта.

Во 61. минута Аталанта ја имаше најдобрата шанса дополнително да го намали водството на гостите.

Ударот беше лош и голманот на Бриж, Симон Мињоле лесно одбрани.

По натпреварот, тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, откри колку бил лут на Лукман:

„Тој не требаше да го изведе пеналот. Тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел. Ја зеде топката затоа што се чувствуваше полн со самодоверба по постигнатиот гол, но тој има многу низок процент на реализација на пеналите, па дури и на тренинзите често ги промашува. Тој ја зеде топката да шутира иако на теренот беа изведувачите на пенали Де Кетелаере и Ретеги. Воопшто не ми се допаѓа она што го направи Лукман“.