Гасперини: Никој не може да биде фаворит против Реал Мадрид

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, покажа голема почит кон Реал Мадрид пред дуелот на двете екипи во Лигата на шампионите. Со оглед на некои несигурни настапи на шпанскиот гигант оваа сезона, има многу експерти кои ја прогласија Аталанта како фаворит во пресметката, но Гасперини не се согласува со тоа.

„Мислам дека нема тим кој може да се нарече фаворит против Реал Мадрид. Не очекува возбудлив натпревар на нашиот стадион и тоа е нешто неверојатно за луѓето од Бергамо. Знаеме каков противник имаме против себе. Местото на Реал на табелата е привремено. Уживаме во пофалбите, но да тврдиме дека сме супериорни во однос на Реал Мадрид е малку премногу. Сигурно ќе дадеме се од себе, но мора да бидеме внимателни и да не ѝ се предадеме на еуфоријата“, изјави Гасперини.

Аталанта на лето се соочи со денешниот противник во натпреварот за Суперкупот на Европа и загуби со 0-2. Сепак, тренерот на тимот од Бергамо е убеден дека претстојниот натпревар ќе биде поинаков.