Гатузо фаворит за селектоската место на „аѕурите“

Легендарниот играч за врска на Милан, Џенаро Гатузо е новиот фаворит да биде следниот селектор на Италија по отказот на Лучијано Спалети. Тој излезе во преден план, откако Клаудио Раниери и Стефано Пиоли одбија да го преземат кормилото.

Раниери одлучи повторно да се врати во „пензија“ и ќе биде советник на претседателот на Рома, а Стефано Пиоли е на чекор да го преземе тимот на Фиорентина, откако ќе замине од Ал-Наср.

Во еден ваков случај, раководните луѓе на италијанскиот фудбал сметаат дека поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо, кој пред неколку дена замина од Хајдук Сплит, е добро решение. Во игра се и Даниеле де Роси и Фабио Канаваро.