Гатусо фаворит за селекторското место во Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук ги договорил условите со Фудбалскиот сојуз на Италија. Сè уште има мали детали што треба да се разработат, а во следните неколку дена Сојузот ќе објави дека Гатузо потпишал договор.
На чело на италијанската репрезентација, Гатузо ќе го наследи Лучано Спалети, кој беше отпуштен минатата недела. Гатузо минатата сезона со Хајдук го освои третото место во Хрватска, а претходно во кариерата ги водеше Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј во неговата кариера е купот со Наполи во 2020 година.
Гатузо ќе собере јадро од поранешни светски и европски шампиони како асистенти и ќе изгради нова репрезентација заснована на чувство на припадност и искуство, пишуваат италијанските медиуми. Го убедил Леонардо Бонучи, кој моментално е во тренерскиот штаб на италијанската репрезентација до 20 години. Негов втор помошник ќе биде Андреа Барзаљи.
Барзаљи, Бонучи и Гатузо играа заедно во репрезентацијата кај Марчело Липи и во 2006 година станаа светски шампиони..
Стручниот штаб треба да го пополни и Џанлука Замброта, уште еден поранешен италијански ас. Тој е без договор седум години, а неговиот последен ангажман беше во кинескиот Сунинг, каде што беше помошник тренер.