Гвардиола: Ако не го менував, Халанд ќе постигнеше повеќе голови

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола признава дека неговите замени го спречиле Ерлинг Халанд да постигне повеќе голови. На натпреварот со Вест Хем (3:0), напаѓачот на Манчестер Сити го собори рекордот во Премиер лигата постигнувајќи го 35. гол сезонава во лигата.
„Неверојатно. Има само 22 години и има уште пет натпревари до крајот. Колку пати сум го сменил по хет-трик во 60-тата минута. Можеби Халанд ќе постигнеше и повеќе голови, ако не беа овие замени. Или можеби ќе се повредеше, кој знае. Тој е посебен, честитки за него. Очекувавме да постигне гол, но да го собори рекордот на Кол и Ширер… Сигурен сум дека сака да ја освои Премиер лигата“, изјави менаџерот на Сити.