Гвардиола: Ако работам некогаш во Серија А, сакам Баџо да ми биде помошник

Tренерот на Сити, Пеп Гвардиола имаше интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за својата кариера во Бреша. Бреша за Гвардиола беше последен европски клуб во играчката кариера пред да премине во Ал-Ахли и Дорадос каде што ја заврши кариерата. Гвардиола во Бреша дојде во 2001 година и се задржа до 2003.
Во Бреша играше со големиот Роберто Баџо.
„Кројф секогаш го фалеше. Сакаше да го види во шпанската лига, го интересираше како ќе се прилагоди на шпанскиот фудбал. Баџо во тие години можеше да игра каде сака, но никој не можеше да го убеди да ја напушти Италија. Во Италија беа сите најдобри играчи, а оние кои не беа сакаа да одат таму. Кога ме контактираа луѓето од Бреша не ми требаше многу време да одлучам. Кога Баџо беше таму се знаеше дека плановите им се големи. Баџо беше ѕвезда, но сите околу себе ги третираше еднакво, од претседателот до хигиеничарот“.