Гвардиола го достигна Мурињо по бројот на победи во Лигата на шампионитe

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се изедначи на Жозе Мурињо на четвртото место на листата на тренери со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите. По успехот на „граѓаните“ со 0-2 како гости против Борусија (Менхенгладбах) во првото осминафинале одиграно синоќа, шпанскиот тренер сега е со 81 победа, израмнувајќи со својот португалски колега. Рекордер е легендарниот Сер Алекс Фергусон со 102 победи, а го следат Карло Анчелоти (89) и Арсен Венгер (86). Секако дека со резултатите кои ги постигнува Гвардиола со неговата екипа може да се очекува дека до крајот на сезоната може да го стигне и Арсен Венгер.