Гвардиола го носи Пау Торес во Сити

Манчестер Сити е со најголеми шанси да го доведе во своите редови, централниот бек на Виљареал, Пау Торес. 

24-годишниот шпански фудбалер, веќе предизвика голем интерес кај клубовите од англиската Премиер лига, а летово најзаинтересирани  за негово купување беа екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед.  Сепак, според објавата на шпанска „Марка“, популарните  “граѓани“ од Манчестер веќе подолго време го следеле Торес и имале конкретни разговори со играчот  кој е проценет на околу 55 милиони фунти.

Иако Гвардиола во одбраната ги има Рубен Диас, Америк Лапорт, Џон Стоунс и Нејтан Аке, за кои клубот потроши многу пари во изминатите сезони, Гвардиола сака нов централен дефанзивец. 

Се очекува Лапорт да замине од клубот во летниот преоден рок, додека пак Стоунс подолго време е надвор од посакуваната форма и нема одиграно ниту една минута за Манчестер Сити во оваа сезона, па така Торес би бил идеално решение за Гвардиола и Манчестер Сити.