Гвардиола го откри својот најголем трик!

Пеп Гвардиола по пласманот на Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите откри како го смисли еден од своите „специјалитети“.
Гери Линекер, некогашниот фудбалер, а сега телевизиски коментатор, го запраша од каде идејата Жоао Кансело, инаку лев бек, во нападот да го испрати на средината од теренот. Линекер напомена дека Гвардиола тоа го правеше и додека го водеше Баерн, тогаш со Џошуа Кимих.
„Тоа го научив во Германија. Кога таму ќе ја загубиш топката во нападо,те убиваат во контра. Во Барселона ми беше полесно да ја контролирам играта со играчите кои ги имав. Во нив требаше да вперите три пиштоли да ја загубат топката. Практично беше невозможно тоа да се случи.
Во Германија беше комплетно различна ситуација, но основната причина зошто тоа го правам е како на средината би имал повеќе играчи за додавање, комбинирање. Поточно, со кратки пасови да се оствари контрола на средината од теренот.“