Гвардиола го продолжи договорот со Сити

Медиумите во Англија пренесуваат дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со англискиот клуб до јуни 2025 година.

Претходниот договор на Гвардиола со шампионот на Англија имаше важност до јуни 2023 година. Шпанецот седна на клупата на Сити во 2016 година, и со клубот има освоено 11 трофеи. 

Некои англиски медиуми претходно шпекулираа дека постои можност Гвардиола да стане селектор на Шпанија или да тренира клуб од американската МЛС лига, меѓутоа тој одлучи да остане во Манчестер и како главна цел постави освојување на Лигата на шампиони.