Гвардиола е најдобар тренер во Премиер лигата за месец ноември

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за ноември.
Неговата екипа славеше победа на сите три првенствени натпревари во ноември а моментално се лидери на Премиер лигата.
Конкуренти за наградата на 50-годишниот Гвардиола му беа Јирген Клоп и Стивен Џерард. Ова е вкупно 10-та награда за тренер на месецот во Премиер лигата што ја добива Шпанецот.