Гвардиола за Меси: Нема да пронајде подобар клуб!

Лионел Меси мора до крајот на јуни да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Договорот со Барселона му трае до крајот на сезоната, а ПСЖ со сите сили се труди да го доведе Аргентинецот во своите редови. Меѓу заинтересираните минатото лето беше и Манчестер Сити.
Тогаш, Меси сакаше да ја напушти Барселона, меѓутоа на крајот одлучи да остане и сега голема е веројатноста дека ќе остане во Барселона до крајот на кариерата.
Со тоа се согласува и Пеп Гвардиола.
„Се надевам дека Лео ќе ја заврши кариерата во Барселона, бидејќи нема да пронајде подобар клуб.“ – вели тренерот на Сити.
Меси во Барселона пристигна во 2000. година, а за сениорскиот тим игра од 2004. година. Во 773 натпревари постигна 667 погодоци. Со Гвардиола соработуваше од 2008. до 2012. година.