Гвардиола испраќа мега-понуда за Хари Кејн

Манчестер Сити тргнува во голема офанзива по врвен напаѓач.
Се работи за Хари Кејн, кој според медиумите е прв избор на Пеп Гвардиола и негова главно барање кон раководството, кое неодамна му го продолжи договорот.
Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година, но Сити има финансиски механизми со кои би можел да го убеди англискиот репрезентативец да се пресели на „Итихад“, што би бил еден од најзначајните трансфери последните години.
Од Франција пак пристигнуваат други информации кои можат да го загрижат Жозе Мурињо. ПСЖ ќе испрати понуда за репрезентативецот на Франција, Хуго Лорис.