Гвардиола критичен за ангажманот на своите фудбалери
Манчестер Сити вчера го победи Борнмут со 1-4, но Пеп Гвардиола не беше во целост задоволен од она што го прикажаа неговите фудбалери.
Шпанскиот стратег испрати јасна порака до своите фудбалери дека мора да се залагаат до последната минута од натпреварот без разлика каков е резултатот на натпреварот.
„Повеќе пати сум им кажал на фудбалерите, дека ќе имаат проблем ако не ме слушаат. Со оглед на тоа колку пари земаат, мора многу да трчаат од почеток до крај. Со нивната заработка мора да играат 100% и кога водиме со 3-0 или 5-0…,
Има луѓе кои патуваат со часови да дојдат на нашите натпревари и да го гледаат најдоброто нив. Тие луѓе кои дошле на стадионот заслужуваат почит на најдобар можен начин“, изјави Гвардиола.
Во следното коло од Премиер лигата Манчестер Сити го чека потежок предизвик во натпреварот против Њукасл.