Гвардиола летово ќе го продаде Емерик Лапорт

Манчестер Сити на лето ќе се раздели со Емерик Лапорт. Дефанзивецот го загуби стартното место и „граѓаните“ ќе го продадат по крајот на сезоната. Според „Дејли Мејл“, клубот веќе чека понуди за шпанскиот интернационалец.

Лапорт почна почесто да останува на клупата по потпишувањето на Мануел Аканжи и има само 7 настапи од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Дефанзивецот не крие дека е разочаран и ќе бара трансфер, а Пеп Гвардиола нема да му застане на патот. За Лапорт најсериозен интерес покажа Барселона.

Поранешниот играч на Атлетик Билбао е подготвен дури и да ја намали платата за да се пресели на „Камп Ноу“. Договорот на 28-годишниот дефанзивец со Манчестер Сити е до 2025 година.