Гвардиола: Моја е одлуката дали ќе го продолжам договорот со Сити

На прашањето од новинарите дали новиот договор на тренерот Јирген Клоп со Ливерпул може да влијае на неговата одлука да остане во Манчестер Сити подолго од следната сезона, кога ќе му истече договорот, Гвардиола одговори:

„Честитки за Јирген и Ливерпул. Ова е добро за Премиер лигата и за иднината. Му посакувам се најдобро. Зошто да влијае? Ако одлучам да останам, тоа ќе биде моја одлука, а не затоа што мојот колега го продолжи договорот. Не гледам врска. Во текот на мојата кариера, 15 години како тренер, секогаш сум имал ривали. Со Клоп се натпреварувам шест години“.