Гвардиола му се извини на Џерард
Медиумите од Англија пренесуваат дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати извинување до легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, поради изјавата која ја даде на негова сметка.
Премиер лигата пред неколку дена го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на финансиски прекршувања, а Гвардиола во коментарите за обвинувањата во негативен контекст го спомена и поранешниот капитен на Ливерпул, Џерард.
„Не знам дали Сити е крив и за лизгањето на Џерард на мечот со Челзи? Дали можеби и тоа беше наша грешка? Го почитувам Џерард, но таа сезона ние ја освоивме титулата“, изјави Гвардиола пред неколку дена.
После дадената изјава Гвардиола се најде на мета на англиската јавност, поради што му се извини на Џерард.
„Му се извинувам на Џерард поради моите непотребни и глупави коментари. Тој знае колку го почитувам него и неговата кариера. Се срамам од своите изјави, бидејќи Стивен не го заслужува тоа“, рече Гвардиола.