Гвардиола: Повеќе клубови ќе се борат за титулата во Премиер лигата
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, порачува дека во претстојната сезона на Премиер лигата, за шампионскиот пехар ќе се борат повеќе екипи.
Во претходните три сезони два евидентни фаворити кои се тркаа за титулата беа Манчестер Сити и Ливерпул, додека останатите клубови не беа голема закана.
За време на летниот период повеќе екипи меѓу кои Арсенал, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, значително ги засилија своите тимови, но Гвардиола не сака да даде конкретен одговор кој ќе биде најголемиот ривал на Сити во трката за титулата. Тој само очекува дека оваа сезона повеќе клубови имаат реални шанси за подигање на трофејот.