Гвардиола ја откри разликата меѓу Меси и Халанд

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, во изјава за англиските медиуми ја откри разликата помеѓу Ерлинг Халанд и Лионел Меси.
Норвешкиот напаѓач настапува во извонредна форма откако заигра во неговиот нов клуб Манчестер Сити, и досега има постигнато 17 гола и реализира три асистенции во сите натпреварувања за клубот од Манчестер.
Халанд беше еден од најдобрите поединци во дерби натпреварот против градскиот ривал Манчестер Јунајтед постигнувајќи хет-трик во победата од 6:3.
Тренерот на Сити после натпреварот беше запрашан дали постои разлика меѓу Халанд и Меси од времето кога тој му беше тренер во Барселона на што Пеп одговори:
„Разликата е во тоа што на Ерлинг му се потребни добри соиграчи за да постигне гол, додека Меси тоа може да го направи самиот“.