Гвидо Родригез на „радарот“ на Арсенал
Арсенал е многу блиску до потписот на фудбалерот за врска на шпанскиот Бетис, Гвидо Родригез. „Топџиите“ подолго време ги следат настапите на Аргентинецот и сега имаат големи шанси да го донесат на „Емирати“, пишува „Естадио Депортиво“. Шпанскиот клуб планира да продаде неколку играчи меѓу кои влегува и Родригез. Тренерот на англичаните, Микел Артета, сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред и воедно да пронајде замена за Дани Себаљос, кој на крајот на сезоната ќе се врати во матичниот клуб, Реал Мадрид.
