„Генијалецот“ Флик има бројки од кои застанува здивот!

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик стигна до шестиот трофеј на клупата на германскиот великан за само 15 месеци откако беше поставен на оваа позиција.
Некогашниот помошник на Нико Ковач, по освојувањето на Бундеслигата, Лигата на шампионите, германскиот Куп и Суперкуп, како и Суперкупот на Европа, стигна и до шестиот трофеј, титулата светски првак.
Сам по себе е фасцинирачки податокот ако се знае деак од ноември 2019. година, Баерн со Флик има само пет порази во сите натпреварувања.
Само за пример, минатата сезона ја завршија со вкупно четири порази во Бундеслигата, додека оваа веќе имаат два, но на „Алијанц“ се уште има простор за гордост.
По овој трофеј, се потешко е да се најде причина за Флик на крајот од сезоната да го напушти Баерн, како што се најавуваше на почетокот од годината.