Георгиевски сребрен на Светскиот Куп во теквондо

Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Ф1 Светскиот Куп во теквандо кој се одржа во Букурешт, Романија.

Со две доминанти победи над Дерел Вудард од САД и Петрос Андреу од Кипар, Георгиевски обезбеди место во финалето каде освои сребро на светскиот Г1 Куп.

Во финалето Македонецот се сретна со добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар против кого ова беше петти меч. Георгиевски имаше четири победи на четири соочувања, но не успеа да слави во ова финале.

Предизвик на Дејан Георгиевски е да се обезбеди норма за Летните Олимписки Игри во 2028 година во Лос Анџелес.