Гереиро ќе ја замени Борусија Дортмунд со Баерн Минхен

Борусија Дортмунд на исклучително болен начин ја загуби титулата во Германија во последното коло од Бундеслигата. На почетокот од мечот против Мајнц имаа бод предност пред Баерн Минхен, но Баварците го направија своето и го совладаа Келн, додека Борусија не можеше да дојде до три бода пред своите гледачи.

Дебаклот на последната пречка ги погоди првотимците на клубот од Дортмунд и нивниот тренер Един Терзиќ, кои заедно плачеа на теренот на Вестфален, а сега дел од нив ќе се простат и од жолтиот дрес на Борусија. Меѓу првите на излезната врата е Рафаел Гереиро.

Португалскиот лев бек има 29 години, а зад него има 224 настапи за Борусија, за која постигна 40 и асистираше за уште 50 гола. За седум сезони во Германија освои два купа и еден супер куп. Неговиот договор истекува ова лето и, според германски Билд, тој нема да го продолжи.