Гереро бесплатно заминува од Баерн

Рафаел Гереро ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, откако раководството донесе одлука да не му понуди нов договор на португалскиот репрезентативец.

Гереро пристигна во Минхен во 2023 година како слободен играч од Борусија Дортмунд, но не успеа да се наметне во континуитет, пред се поради проблемите со повредите кои го следеа во текот на неговиот престој.

Спортскиот директор Макс Еберл се заблагодари за неговиот придонес и изрази надеж дека до крајот на сезоната ќе помогне во остварувањето на клупските цели.

Гереро е уште едно име кое ќе замине без обештетување од Баерн, откако претходно ваква одлука најави и Леон Горецка.