Герет Бејл донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата
Герет Бејл донесе одлука за продолжување на својата кариера по сезоната помината во Тотенхем како позајмен играч. Се споменуваше преселба во МЛС, се пишуваше за повлекување, но велшкиот репрезентативец и наредната сезона ќе остане во шпанскиот клуб, со кој има договор до 2022. година.
Заминувањето на Зинедин Зидан и доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал за Бејл претставува можност за нов старт, бидејќи токму италијанскиот тренер беше тој кој го доведе во 2013. година во Мадрид.
Не е непознато дека Реал Мадрид се обидува да се ослободи од Бејл, најпрво поради астрономската плата од 600 илјади фунти неделно. Со оглед на тоа што договорот му истекува за една година, планот за продажба како би се заработило на него беше оправдан. Во тој контекст, најчесто се споменуваше како играч на кој би можело пристојно да се заработи, а тие пари потоа би се потрошиле на Килијан Мбапе.
Исто така, деновиве се споменуваше и дека Бејл би можел да ја заврши кариерата и да се посвети на голфот, но според шпанските медиуми, тој план ќе причека уште некое време.