Герет Бејл му кажа збогум на фудбалот

Велшкиот фудбалер Герет Бејл, одлучи да престане со професионалната фудбалска кариера. Бејл во објава на социјалните мрежи информира дека после внимателно размислување, решил веднаш да се повлече од клупскиот и репрезентативен фудбал.
33- годишниот Бејл ја имаше честа дури 111 пати да го носи дресот на репрезентацијата на Велс, и е еден од најдобрите играчи во историјата на таа земја. Тој во изминатите 17 фудбалски сезони беше фудбалер на Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид, и Лос Анџелес ФК.
Најголем успех во клупската кариера го забележа во дресот на Реал Мадрид, со кого освои пет титули во Лигата на шампионите.