Гери Невил: „Арсенал е премногу предвидлив за титула“

Гери Невил остро ја критикуваше екипата на Арсенал, нарекувајќи ја „еден трик пони“, тим без доволна тактичка флексибилност и ментална сила за да ја освои Премиер Лигата.
И покрај тоа што тимот под водство на Микел Артета последните сезони е постојано во трката за титулата, Невил смета дека Арсенал не знае да се наметне кога е најпотребно. Тој посочи дека тимот често игра претпазливо и се задоволува со нерешен резултат, наместо да ризикува и оди на победа.
„Претпазливи се,“ рече Невил, алудирајќи на последните натпревари каде Арсенал не покажа амбиција да го добие мечот. Според него, тоа не е доволно против конкурентите како Ливерпул и Манчестер Сити, кои играат со целосна решителност.
Иако ја признава квалитетната екипа, тој истакна дека без ментална надградба и победнички менталитет, титула нема.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед предупреди дека, доколку Арсенал не ја освои титулата, нивниот напредок ќе остане заборавен. „Мора да се освои нешто,“ рече Невил. „Никој не памети второ место.“