Германецот Гисдол си даде оставка од тренерското место во Локомотив

Тренерот на Локомотив Москва, Маркус Гисдол си даде отказ во знак на протест поради руската воена инвазија врз Украина.

Овој 52-годишен Германец, во клубот пристигна пред четири месеци, на препорака на Ралф Рангник.

„Тренерската професија за мене е најдобрата во свет. Но не можам да работам во земја чиј лидер започна војна во срцето на Европа. Тоа не се моите вредности, па ја напуштив функцијата тренер на Локомотив“, изјави Гиздол.

„Не можам да бидам во Москва, да тренирам фудбалери и да барам професионализам, а на неколку километри се издаваат наредби кои носат големи страдања на една цела нација. Ова е моја лична одлука и не се сомневам во неа“, додаде Германецот.