Германецот Зиберт ќе го суди финалето на ЛШ

Даниел Зиберт ќе го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, кое ќе се одржи на Пушкаш Арена во Унгарија на 30 мај во 18:00 часот.
Зиберт, 42, е меѓународен судија од 2015 година. Тоа ќе биде негово прво финале во клупско натпреварување на УЕФА. Тој судеше девет натпревари од Лигата на шампионите во сезонава вклучувајќи го првото четвртфинале меѓу Спортинг и Арсенал, како и реваншот од полуфиналето Арсенал – Атлетико Мадрид.
Франсоа Летексиер од Франција ќе го суди финалето на Лигата на Европа помеѓу Фрајбург и Астон Вила, кое ќе се игра на Бешикташ Парк во Истанбул на 20 мај 2026 година во 21:00 ч додека Маурицио Маријани од Италија ќе го суди финалето на Конференциската лига Кристал Палас – Рајо Ваљекано на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг на 27 мај 2026 година во 21:00 часот.