Германецот Јаисле е нов менаџер на Њукасл

Матијас Јаисле е новиот тренер на Њукасл. Англискиот клуб потврди дека 38-годишниот германски стручњак ќе го преземе тимот по успешниот процес на селекција, во кој бил избран како најдобар кандидат за новата ера на „Сент Џејмс Парк“.

Јаисле важи за еден од најперспективните млади тренери во Европа, а на позицијата главен тренер на Ред Бул Салцбург пристигна на само 33 години. Во својата прва сезона во Австрија веднаш освои двојна круна – титулата во првенството и Купот, а под негово водство Салцбург за првпат во историјата се пласираше во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Германецот подоцна ја продолжи успешната работа и во Саудиска Арабија, каде што го презеде Ал-Ахли. За кратко време успеа да го трансформира тимот во еден од најдобрите во Азија, обезбедувајќи пласман во Азиската Лига на шампиони уште во првата сезона.

Со Ал-Ахли освои две последователни титули во Азиската Лига на шампиони, станувајќи првиот тренер кој успеал да го постигне тоа.

Тој доаѓа на местото на Еди Хау, кој си замина од клупата. Њукасл во овој предоен рок ги загуби клучните играчи како Ентони Гордон кој замина во Барселона, Сандро Тонали си отиде во Тотенхем, додека пред заминување е и Бруно Гимараеш кој треба да потпише за Арсенал.