Германеџот Вирц е трансфер желбата на Реал Мадрид во 2025 година

Флоријан Вирц е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона.
Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен зад своето име има
18 гола и 19 асистенции на 46 настапи, а според „Трансфермаркт“
вреди 110 милиони евра.
Вирц со години е еден од најголемите германски таленти, а оваа
сезона експлодираше под водство на Чаби Алонсо. Вирц и Баер се
непоразени оваа сезона и ја освоија Бундеслигата. На Баер му
остануваат уште финалињата во Лига Европа и домашниот куп.
Следната сезона Вирц најверојатно ќе игра за Баер и покрај бројните
понуди од најголемите европски клубови. Реал Мадрид и Манчестер
Сити се во првиот ред, но Германецот има план да остане летово.
„Марка“ пишува дека негово заминување може да очекуваме во 2025
година и дека Реал веќе работи на тој трансфер, исто како и на
трансферите на Џуд Белингем и Килијан Мбапе.
Мбапе ќе му се приклучи на Реал ова лето откако ќе му истече
договорот со ПСЖ, додека Виртц треба да пристигне во мадридскиот
клуб една година подоцна. Реал ќе мора скапо да го плати Вирц
бидејќи неговиот договор со германскиот клуб е до 30 јуни 2027
година. „Марка“ тврди дека тоа ќе биде тешка операција, но Реал е
решен да го обезбеди потписот на брилијантниот играч од средниот
ред.