Германија без Кимих на одлучувачкиот дуел со Луксембург

Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Џошуа Кимих, ќе го пропушти утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Луксембург, објави Германскиот фудбалски сојуз.
„Нашиот капитен заработи лесна повреда на десниот зглоб за време на вчерашниот тренинг. Тој ќе патува со тимот во Луксембург, но нема да учествува во натпреварот“, напишаа од Германскиот фудбалски сојуз.
Кимих, кој има 105 натпревари и 10 гола со дресот на Бундестимот, ја носи капитенската лента од 2024 година.
Германија гостува во Луксембург во петок за претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Тимот е прв во Групата А со 9 бода, додека нивниот противник е на последното место без бодови по четири одиграни натпревари.