Германија нема да добие казна заради протестот против ФИФА

ФИФА нема да изрече дисциплински санкции против германската репрезентација поради протестот пред натпреварот со Јапонија на Светското првенство во Катар, пишува на своите социјални мрежи новинарот на Скај, Роб Харис.

Да потсетиме, пред натпреварот, сите репрезентативци на Германија на тимската фотографија ја покрија устата со рака. Тимската фотографија беше придружена со сличен гест од сите играчи во стартниот тим на Германија, вклучувајќи го и капитенот на тимот Мануел Нојер. Ваквиот гест беше поттикнат од забраната за носење на лентата со виножито на натпреварите на СП во Катар.

Претходно, властите на земјата на Блискиот Исток беа постојано критикувани од навивачите и фудбалерите во врска со кршењето на човековите права во Катар.

Натпреварот меѓу Германија и Јапонија заврши со победа на Јапонците со со резултат 2-1.