Германија пресилна за македонските ракометарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство. Вечерва во Гумерзбах, нашите девојки беа поразени од Германија со 34-18 (14-8).
Иако одигравме солидно во првиот дел, во второто полувреме Германките, особено во финишот, ја зголемија разликата која на крајот не чинеше повеќе од убедлив пораз. Апсолутниот фаворит во групата уште на стартот на квалификациите потврдува дека е најголем фаворит за директен пласман на ЕП.
Емилијана Ризоска беше најдобра во нашата репрезентација со 8 гола, додека Ива Младеновска постигна четири.