Германската јавност бара смена на селекторот Флик

Германските медиуми најавуваат дека селекторот на репрезентацијата, Ханси Флик, нема уште долго да се задржи на функцијата, бидејќи се зголемува притисокот од јавноста за негова смена.

Ако Флик навистина биде сменет од функцијата, тогаш тој ќе биде запаметен како селектор со најкраток стаж во германскиот фудбал. Тој на селекторската позиција е од август 2021, а натпреварот против Костарика кој беше последен за Германија на Мундијалот, беше 13.натпревар за Флик на клупата.

Според информациите од медиумите, за најпосакуван иден селектор на Германија се споменува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Некои новинарски извори пренесуваат дека Фудбалскиот сојуз на Германија веќе упатил покана за разговор до Клоп, но менаџерот на тренерот тоа го демантира, и наведува дека тоа се само новинарски шпекулации.